Познати финалистите на World Press Photo 2020

Фондацијата World Press Photo ги објави финалистите за најпрестижните награди во фотожурнализмот. Од вкупно пристигнати 73.996 фотографии од 4.282 фотографи од 125 земји низ светот, членовите на жирито одбраа шест фотографии кои ќе се натпреваруваат за титулата фото на годината.

Познати се сите номинирани фотографии за годинешните награди, вклучително и шесте финалисти за фото на годината, трите финалисти за фотоприказна на годината и трите финалисти за секоја од осумте категории. На крајот, одбрани се 44 фотографи од 24 земји кои го презентираат најдоброто во фотожурнализмот за 2020 година.

Победниците ќе бидат познати на 16 април на церемонија во Амстердам.