Позитивни страни на изолацијата - засакајте се себеси и направете добри планови за во иднина

Изолацијата која мора да ја почитуваме овие денови, може да ни донесе и многу позитивни работи доколку ги согледаме работите од друга страна.

Вистина е дека луѓето имаат вроден нагон за интеракција, пријателство и чувство за припадност.  Подолг период без социјален контакт со саканите луѓе обично е поврзан со штетни ефекти врз менталното и физичкото здравје. Но, доколку на некој период се оддалечите од сите – може да го согледате животот од друга перспектива.

Сфатете го овој период на изолација како единствена шанса да застанете малку и да сфатите на кој пат чекорите и што треба да промените. Доколку го перципирате овој период како пауза која е подготвува за некои подобри промени во животот – на добар пат сте.

Може да извлечете многу добри заклучоци, а тоа го покажаа неколкумина луѓе кои во изминатите години вршеа експерименти на оваа тема и заминуваа во потполна изолација за да ги согледаат сите аспекти на нивниот живот.

Францускиот филозоф, Мишел де Монтањ одлучил да помине неколку години од неговиот живот заклучен во библиотека.

На овој свет доаѓаме сами, самите сме доволни на себеси и за сè што ни претстои во животот. Кој не е добар за самиот себе, не е добар ниту за другите луѓе, рече тој.

Незадоволен од случувањата во неговиот живот, Хенри Дејвид од Англија поминал неколку години на пуст остров и тој вели:

„Откако ќе ги изгубиме другите, се пронаоѓаме себеси. Самотијата ни дава можност да се откриеме самите себеси. Кога ги нема другите луѓе кои постојано ве критикуваат и ви наоѓаат маани, ќе се научите да го слушате сопственото Јас“.

Заклучокот е дека во овој период може да размислите за тоа до каде стигнавте во животот, колку планови остваривте, со какви луѓе се дружите. Размислете по кој пат планирате да продолжите во вашиот живот и кои планови ќе реализирате во иднина.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе