Регион

Потврден првиот случај на Covid-19 во Хрватска

25. февруари 2020 - 13:19 | МИА

Загреб, 25 февруари 2020 (МИА) – Во Хрватска е потврдено дека еден човек кој бил во Милано е заразен со новиот корона вирус Covid-19.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по седницата на кризниот штаб за корона вирусот, изјави дека се работи за е помлад маж кој во моментов е на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Тој додаде дека пациентот е во добра состојба.

Сѐ уште се очекува обраќање на директорот на Клиничкиот болнички центар Риека кој треба да информира за состојбата на деветмината Хрвати кои се хоспитализирани по враќањето од Италија.