Постпородилна депресија или тага: Која е разликата?

По породувањето жените се во бура од емоции и не се сигурни дали се само уморни и ненаспани или станува збор за нешто многу посериозно.

Според едно истражување, речиси 70 проценти од новопечените мајки патат од постпородилна тага, позната како baby blues. Во тој период чувствуваат тага, плачливи се и често им се менува расположението.

Но, како да се разликува оваа состојба од многу посериозниот случај на постпородилна депресија?

Постои одреден притисок во општеството дека жените по породувањето мора да бидат среќни, па има жени кои поради чувство на срам и вина не зборуваат за тоа како навистина се чувствуваат, велат психолозите.

Тој период е особено стресен за жените, особено оние на кои тоа им е прво породување. Ако имале трауматично породување, проблеми со доењето, не се наспани и чувствуваат постојан умор, сето тоа може да влијае на промената на расположението.

Кај постпородилната тага постојано ви се плаче и се чувствувате многу ранливо, а симптомите траат околу две недели по породувањето. Промените на расположение се чести и може да се чувствувате раздразливи и/или депресивни, но и да чувствувате тежина.

Симптомите на депресија се многу посериозни и посилни.

Најпрво, постпородилната депресија трае подолго од две недели.

Обично, мајките кои страдаат од оваа состојба се раздразливи, се чувствуваат безвредно, не покажуваат заинтересираност за бебето, немаат концентрација, размислуваат да го повредат бебето или себе или пак премногу се грижат за бебето и како резултат на таа загриженост не можат да спијат, што им ја влошува состојбата.

Постпородилната депресија обично се јавува во првите два-три месеци по породувањето и може да се јави во секое време.

Психолозите и гинеколозите сметаат дека треба почесто да се разговара на оваа тема за да може жените полесно да ги препознаваат симптомите и да ја побараат неопходната помош, наместо да се кријат од светот и да си наметнуваат вина дека се лоши мајки ако покажат знак на слабост.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе