Последен трејлер за „Dark Phoenix“

Франшизата X-Men, која ги следи доживувањата на група суперхерои со истото име, продолжува со филмот „Dark Phoenix“. Моќната Џин Греј (Софи Тарнер) постојано се сомнева во нејзините супермоќи, но таа во овој филм е на патот кон еволуција во Dark Phoenix – еден од најмоќните суперхерои во X-Men.

Борејќи се со нестабилните супермоќи, но и со сопствените демони, Џин Греј го растура семејството наречено X-Men и се заканува дека ќе ја уништи нашата планета. Продуцентите и режисерот веќе го нарекоа овој филм „еден од најнеизвесните и најемотивни филмови од франшизата“, а ние решивме да им веруваме дури откако ќе го погледнеме во кино. Сепак, трејлерот изгледа прилично добро.

Премиерата на „Dark Phoenix“ е закажана за 7 јуни.