Porsche објави нови фотографии од концептот 917

Со концепт моделот наречен 917, Porsche во Штутгарт ја одбележи 50-годишнината на еден од легендарните тркачки модели на компанијата – 917KH Coupe, со кој овој производител во 1970 година за првпат го покори Ле Ман.

Сосем очекувано, концептот Porsche 917 е обоен во бои кои асоцираат на боите на култниот прототип 917KH Coupe, кој премиерно беше претставен во 1969 година на Саемот за автомобили во Женева. Веќе наредната година, тој модел во рацете на возачите Ханс Херман и Ричард Етвуд ја освоија исцрпувачката трка „24 часа Ле Ман“ и ја започнаа многу успешната приказна на Porsche.

Оттогаш досега Porsche оствари најмногу победи (19) на трката во Ле Ман, но сите заљубеници во автомобили ќе го паметат моделот 917 KH Coupe како оној кој ја започна успешната приказна.