Поранешниот шеф на ФБИ: Трамп е руски сојузник

Вашингтон, 20 февруари 2019 (МИА) – Поранешниот шеф на Федералното биро за истраги (ФБИ), Ендрју Мекејб смета дека американскиот претседател Доналд Трамп е руски сојузник.

Мекејб тоа го изјави во емисија на CNN.

„Мислам дека е можно. Мислам дека тоа е причината зошто ја почнавме нашата истрага. Многу сум загрижен околу тоа како ќе заврши истрагата“, рече Меккејб, одговарајќи на прашањето на водителот Андерсон Купер дали сѐ уште верува дека претседателот Трамп е руски сојузник.

Советничката на Белата куќа, Келиен Конвеј изјави дека Мекејб е лажго.

Меккејб, кој беше критикуван од американскиот претседател поради наводна наклонетост кон неговата соперничка на изборите во 2016 година Хилари Клинтон, кон крајот на јануари минатата година отстапи од местото шеф на ФБИ. Остана да работи во полиција, но беше отпуштен неколку месеци подоцна.

„ФБИ од секој вработен очекува да се придржува на нашите норми – искреност, чесност и одговорност“, изјави тогаш министерот за правда Џеф Сешонс.

Претседателот Трамп на Твитер изрази задоволство од отпуштањето на Мекејб.

„Ендрју Мекејб е отпуштен, тоа е голем ден за мажите и жените во ФБИ кои работат напорно – голем ден за демократијата“, напиша Трамп.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе