Пораки од луѓето ставени во изолација поради коронавирусот

Како што минува времето сè повеќе луѓе се во изолација и карантин со цел да се намали ширењето на коронавирусот.  Засега во светот се регистрирани 510.646 случаи, починати се 23.079 луѓе, а оздравеле 122.245 лица.

Коронавирусот е регистриран во 198 земји и територии. Во Италија има 80.539 заболени од кои само денес се регистрирани 6.153 луѓе. Во САД заболени се 75.665 луѓе од кои само денес се регистрирани 7.454 нови случаи, додека во последните 24 часа починале 712 луѓе. Во Шпанија има 56.197 заболени од кои само денес се регистрирани 6.682 заболени и 498 смртни случаи во еден ден.

Со оглед на тоа што сè повеќе луѓе се во изолација, Стивен Ловкин почна да ги фотографира семејствата изолирани во Бруклин, Њујорк. Секое семејство сподели порака со светот, проектот трае една недела и веќе има позитивни реакции на социјалните мрежи, пренесе BBC.