УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Поради повреда Тричковски и Ристевски отпаднаа за против Грузија

Македонската фудбалската репрезентација ќе мора на мегдан во Грузија да оди без Иван Тричковски и Кире Ристевски кои денеска дефинитивно отпаднаа од комбинација.

Ристевски на дуелот со Ерменија; Фото: ФФМ

Напаѓачот Тричковски беше повреден и поради тоа не беше во комбинација за вчерашниот дуел со Ерменија, но имаше надеж дека ќе може да биде во тимот за гостувањето кај Грузија во вторник. Сепак, хематомот на левата надколеница сѐ уште му прави проблем и дефинитивно отпадна од комбинација.

Тричковски се надеваше дека месецот ќе го забележи 57. настап со што на вечната листа на играчи со најмногу настапи во репрезентацијата ќе го мине Ванче Шиков со кој моментално го дели 8. место.

Тричковски тренираше со репрезентацијата; Фото: ФФМ

Отпадна и десниот бек Кире Ристевски кој заработи повреда на натпреварот со Ерменија. Тој има истегнување и хематом на адукторот на десниот бут поради кој Ангеловски ќе бара друго решение на неговата позиција. Синоќа кога Ристевски беше заменет назад се повлече Езџан Алиоски кој порано беше латерален бек пред да биде прекомандуван во офанзивата.

Македонија игра со Грузија во вторник од 18 часот во Тбилиси.

реклама

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе