Тенис

Поради операција на коленото, Роџер Федерер ќе го пропушти Ролан Гарос

20. февруари 2020 - 12:41 | М.С.

Третиот светски рекет, 38-годишниот Роџер Федерер ќе го пропушти Ролан Гарос поради операцијата на десното колено.

„Оваа победа ме мачеше веќе некое време. Се надевав дека болката ќе помине, но по прегледот и консултацијата со тимот решив да направам операција на коленото. Лекарите се сигурни во тоа дека за брзо време ќе закрепнам целосно“, напиша Федерер на социјалните мрежи.

Федерер ќе ги пропушти турнирите во Дубаи, Индијан Велс, Мајами, Ролан Гарос, како и ревијалниот меч во Богота. За ова време, тој ќе изгуби 45 проценти од рејтингот.