Македонија

Поради магла намалена видливоста на повеќе патни правци

17. јануари 2020 - 18:50 | МИА

Скопје, 17 јануари 2-020 (МИА) – Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци, преупредуваат од ЈП Македонија Пат.

Од 40 – 50 метри има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово, од 10 – 15метри на патниот правец Тетово – с. Гајре, до 50 метри на патниот правец Св. Николе – Куманово, од 100 – 150 метри на патните правци Битола – Прилеп, М. Брод – Кичево, Дебар – Струга и Ресен – Охрид, соопшти ЈП Македонија Пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.