Понуда што се одбива: Ферари му нуди нов договор на Фетел, но за драстично помала плата

Ф1
/ 30.03.2020 / 08:54

Ферари изрази подготвеност за продолжување на договорот со Себастијан Фетел за уште една година, меѓутоа за драстично помала плата.

Според италијанскиот Sky Sport, по одложување на трката за ГН на Австралија, тимот од Маринело му предложил нов договор на четирикратниот светски шампион на уште една година, со послаби финансиски услови од оние при актуелната соработка.

На четирикратниот светски шампион на крајот на сезоната му истекува тригодишниот договор што го потпиша во 2017 година вреден 100 милиони евра. Сега наводно платата ќе му биде помала за 40 милиони евра.

Според PlanetF1, Германецот размислува да се пензионира од Формула 1 и да се врати на неговата прва љубов – механички инженеринг.

„Пред да почнам да возам професионално и пред да ја почнам кариерата, откако завршив срдно училиште, планирав да се запишам на факултет и да студирам механички инженеринг“, изјави Фетел за PlanetF1.

Ферари, пак, потпиша нов договор со Шарл Леклер со 2024 година, откако пилотот од Монако возеше неспоредливо подобро од германскиот колега во минатата сезона.

Доколку 32-годишниот Фетел го одбие понуденото, тогаш Ферари ќе се обиде да го ангажира Даниел Рикардо од екипата на Рено, а како резервни опции се споменуваат Карлос Сајнц од Мекларен и Антонио Џовинаци од Алфа Ромео.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Ф1

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more
 

Спорт

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и да меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

По 12 години Портсмут се врати во Чемпионшип: Не ни треба Мурињо, си го имаме Мусињо

Читај повеќе

Луис Енрике му врати на Чави: ПСЖ ќе победеше и без црвениот на Араухо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој македонски фудбалер е меѓу најдобрите во Европа за 2024 година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн си обезбеди пресметка со Јокиќ

Читај повеќе