Свет

Помпео: Иран крие клучни информации за ширењето на корона вирусот во земјата

26. февруари 2020 - 13:18 | МИА

САД се длабоко загрижени од извештаите дека режимот во Иран можеби крие клучни детали за избувнатиот корона вирус во земјата, изјави синоќа државниот секретар Мајк Помпео.

Тој ја критикуваше и Кина поради цензурата на медиумите и медицинските експерти.

- Сите земји, вклучувајќи го и Иран, треба да ја кажуваат вистината за корона вирусот и да соработуваат со меѓународните организации за помош, изјави тој на брифинг за новинарите во Вашингтон.

- Цензурата може да има смртоносни последици. Информациите што доаѓаат од Кина се во критичен миг, изјави тој, додавајќи дека е важно да се добијат точни информации.