Полицискиот синдикат бара МВР итно да набави нови униформи за полицајците

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - Независниот синдикат на полицијата бара од МВР да спроведе итна набавка на нови униформи.

Како што изјави на денешната прес-конференција претседателот на синдикална подружница на НСП, Мартин Ефремов, од полицијата не се набавени нови униформи веќе десет години. 

- Веќе неколкупати се поништуваат тендерите за набавка на нови униформи и кај нас почнува да се јавува сомнеж дека тоа се прави свесно за да не се изврши набавката. Неколкупати Министерството излегуваше со конкретни датуми за набавка на нова униформа, но ниту еден не беше испочитуван. Бараме од Министерството веднаш да набави нова униформа по основ на итна и неодложна потреба, бидејќи летото го минавме со по една кошула, но за зимата не знаеме што ќе правиме, вели Ефремов. 

Како втор проблем тој го издвои и воведувањето седумчасовно работно време со кое, како што вели, се крши Законот за работни односи и колективниот договор. 

Посочи дека полициските службеници се ангажирани на работа секој ден, а неретко и по двапати во текот на денот, при што, како што нагласува, правото на неделен одмор им е целосно ускратено, а приватниот живот речиси невозможен. 

- Ние не бараме ништо повеќе од МВР освен да почне да ги почитува Законот за работни однсои, колективниот договор и подзаконските акти, рече Ефремов симболично прикажувајќи избледено полициско капче како одраз на реалните состојби во полицијата. 

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Тодев Делчев изјави дека од страна на синдикатот досега биле направени неколку обиди за институционално решавање на проблемите на вработените во Министерството, но оти засега само делумно наишле на разбирање. Тој најави нови активности  во однос на решавање на проблемите на вработените на Независниот синдикат на полицијата, како и на затворската и на шумската полиција.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе