Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението полициски час во Општина Куманово и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок(денес), па сè до 05:00 часот во понеделник.
Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата атарот на селата, исклучиво за работни потреби.