Полицијата во Тајланд на аукција продаде автомобил полн дрога

Тајландската полиција за борба против наркотици се извини на јавноста откако случајно на аукција продаде автомобил во кој биле скриени скоро 100.000 таблети амфетамини, пренесува BBC.

Купувачот на Honda CR-V платил 586.000 бахти, а аукцијата е одржана во јануари откако автомобилот бил запленет минатата година. Откако новиот сопственик го однел возилото на механичар за поправки, вработените откриле 94.000 пилули скриени во браникот.

Полицијата порача дека во иднина ќе врши подетални истраги. Пронајдената дрога е во вредност од 180.000 фунти.

Откриените пилули во кутии биле скриени во тајна преграда зад браникот, а се мешавина од метамфетамин и кофеин, релативно евтина дрога која се шири низ источна Азија во текот на  изминатата деценија. Кога возилото било запленето во северната провинција Шианг Раи, на задното седиште биле пронајдени 100.000 такви пилули.

Механичарот и новиот сопственик на автомобилот ќе бидат наградени за соработка со полицијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе