Полицијата приведе 27 мигранти и двајца криумчари

Струмица, 7 октомври 2019 (МИА) – СВР Струмица на двајца жители на Богданци им поднесе кривична пријава поради сомневање дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“. Тие вчера превезувале 27 мигранти од кои 11 од Авганистан и 16 од Пакистан, а двајца од нив биле малолетници, соопштија денес од струмичката полиција.

Вчера око 11 часот по претходни оперативни сознанија било забележано товарно моторно возило „цитроен“ натоварено со мигранти, кое го управувале Д.М. (22) од Богданци и И.С. (39) од село Селемли, општина Богданци и истото се движело кон Струмица. Возилото било следено и биле алармирани и останатите полициски служби кои биле активни на подрачјето на Струмица.

-Возилото продолжило да се движи по улиците во Струмица, а откако пријавените виделе дека се следени и на даден знак од полициски службеници не застанале, се упатиле по земјен пат кој води кон ниви и викендици. Кога дошле пред една од викендиците на патот имало паркирано автомобил марка „мерцедес“. Сакајќи да поминат помеѓу оградата и запрениот автомобил не успеале и со камионот удриле во запрениот автомобил, притоа соборувајќи ја и металната порта по што возилото било оневозможено да се движи. Бидејќи не можеле да продолжат понатаму, преку совозачкото седиште двајцата пријавени побегнале. Од страна на полициски службеник кој почнал да ги брка бил фатен второпријавениот И.С. и истиот веднаш бил лишен од слобода, стои во соопштението на СВР Струмица

Нешто подоцна од страна на полициски службеници во непосредна близина на местото каде што е пронајден камионот бил пронајден и првопријавениот.

Двете пријавени лица се лишени од слобода и задржани во просториите на Полициската станица во Струмица, а по извршениот разговор се предени во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје. 

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе