Погледнете како Буш и Путин танцуваа во Сочи пред 12 години

Кремљ објави досега невидена снимка со која одбележа 20 години од доаѓањето на Владимир Путин на власт. Со снимката, направена во 2008 година, се гледа како тој и некогашниот американски претседател Џоџ Буш танцуваат на традиционална музика во Сочи.

Буш беше во посета на Сочи откако ги поттикна Грузија и Украина да им се придружат на НАТО пактот на самитот на западниот воен блок во 2008 година.

Кога тие двајца за првпат се запознаа во 2001 година Буш рече дека може да ја разбере душата на Путин. Потоа Путин го посети Буш на неговиот имот во Тексас.

Во Сочи тие двајца се сретнаа за последен пат како претседатели бидејќи Путин еден месец подоцна стана премиер, а Буш следната година беше наследен од Барак Обама.