Погледнете ја новата Hyundai Sonata од секој агол

Новата, осма генерација на Sonata ќе биде т.н. купе со четири врати и многу подинамичен и поелегантен дизајн.

Во поглед на идејата, повеќе наликува на шестата отколку на седмата генерација, во поголеми димензии – во должина „порасна“ за 45 мм, а во ширина за 25 мм.  

Sonata 2020 ќе биде достапна во две погонски варијанти: основната со 2,5-литарски четирицилиндарски мотор со 191 КС; и втората со 1,6-литарски четирицилндарски мотор со моќност од 180 коњски сили.

Погледнете ја новата генерација Sonata од секој агол.