Погледнете го македонскиот хип хоп документарец „Сложувалка”

 „Сложувалка” е македонски документарен хип хоп филм во реализација на неформалната организација Хип Хоп Македонија. Се работи за 37 минутен филм кој својата премиера ја доживеа на скопскиот Cinedays фестивал, а во меѓувреме беше учесник и на повеќе филмски фестивали во Македонија, регионот и пошироко во Европа, од каде се здоби со неколку награди и признанија.

Одлично прифатен од македонската хип хоп генерација, филмот претставува обид да се навлезе во суштината на хип хопот на овие простори преку интервјуа со најпознатите македонски рап артисти од осамостојувањето на Македонија до денес.