Во германската компанија за тјунирање Wheelsandmore се одлучија да не прават промени во каросеријата. Од надвор не можете да го видите скриениот потенцијал на „open air“ двоседот на Audi чијшто централно сместен 5,2-литарски атмосферски V10 мотор развива повеќе од 600 коњски сили.
На моторот му асистираат и два турбо полначи, па возачот може да смета на 1.040 коњски сили и 1.000 Nm максимален вртежен момент.
Бит-турбо R8 V10 Plus Spyder од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,7 секунди и развива 357 км/ч.
Цената на автомобилот чини 60.000 евра.