Поглед во новите модели на Golf - GTE и GTD

Компанијата Volkswagen го откри изгледот на plug-in хибридниот модел GTE и моделот GTD со дизел мотор.

И двата модела имаат нова предна маска и ЛЕД осветлена линија на решетката на ладилникот. GTD има ознаки слични на оние кои ги доби GTI, а позади имаат специфичен дизајн на браникот. GTE на задниот дел изгледа исто како и стандардниот Golf.

И двата модела имаат неколку сличности со моделот GTI во внатрешноста, но и индивидуални карактеристики.

Тука е и дигиталниот кокпит со 10-инчен infotainment екран, како и кожниот мултифункционален спортски управувач.

Бојата на внатрешноста е уникатна за секој модел. Внатрешноста на GTI изобилува со црвени детали, а во хибридниот GTE ќе најдете сина боја, а во GTD дизелот- сребрена.

GTD го придвижува 2,0-литарски TDI кој развива 197 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент со седум-степен DSG менувач.

GTE plug-in хибрид користи 1,4-литарски мотор со турбополнач кој испорачува 147 коњски сили, а тука е и електричниот мотор од 114 коњски сили.

Комбинираниот GTE нуди 241 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент. Доколку plug-in хибридот го користи само електричниот погон може да помине само 60 км и да достигне максимални 130 км/ч.