Поглед во новиот Toyota Yaris од сите агли

Јапонскиот произведувач ги објави официјалните фотографии од новата генерација на Yaris.

Новиот Yaris дебитираше во октомври минатата година, а продажбата во Европа започнува во пролет. Станува збор за првиот модел на Toyota кој ја користи новата TNGA-B механичка платформа.

Јапонскиот гигант значително инвестираше во својот најпродаван модел на европскиот пазар.

Новиот автомобил има хибриден погонски систем од четврта генерација и три цилиндричен 1,5-литарски бензинец на кој му помагаат два електрични мотори.

Toyota тврди дека автомобилот ќе биде поекономичен за 20%, а од 0 до 100 км/ч ќе забрзува за 10,3 секунди.

Се очекува да биде претставен на Саемот за автомобили во Женева и тогаш да се знаат повеќе детали.