Поглед во новиот спортски автомобил Aspark Owl со 2.040 коњски сили

Aspark Owl е електричен спортски автомобил чиишто мотори развиваат 2.040 коњски сили и 2.000 Nm максимален вртежен момент.

Јапонската компанија Aspark го претстави спортскиот автомобил Owl кој е најмоќниот спортски автомобил кој има дозвола за возење во градска средина.

Четирите електромотори се „хранат“ со литиум-јонска батерија која има капацитет од 64 kWh. Со неа може да се поминат и до 450 километри. Овој автомобил наскоро ќе го покаже својот потенцијал на патеката во Нирбургринг.

Owl чини 2,9 милиони евра.