Поглед на прозорците низ светот, втор дел

Португалскиот фотограф Андре Гонсалвес објави нов серијал фотографии во кои акцентот е поставен на прозорците во различни делови низ светот.

„Отсекогаш сум бил љубопитен за прозорците, за структурата на куќите, тие се менуваат од област во област, од религија во религија. Така, направив компилација од илјадници фотографии во различни региони“, вели фотографот.