Архитектура

Подгответе го вашиот дом за пристигнување на зимата

15. ноември 2019 - 10:35 | М.С.

Силните ветрови, снегот, падот на температурите и другите фактори се причина да ја проверите надворешноста на вашиот дом и да ги поправите неопходните работи.

Прво и основно, најважно е да го проверите кровот, односно да ги замените искршените ќерамиди или да додадете на местата каде што недостигаат. Тоа ќе ви помогне да спречите претекување на вода на местата каде што нема ќерамиди.

Поправете ги оградите

Во деновите кога дува силен ветер, може да ја откорне оштетената ограда, па затоа неопходно е да ја поправите и зацврстите. Ваквите проблеми можат да предизвикаат дополнителна штета на вашата куќа, возило или на имотот на вашите соседи.

Исто така, и кантите за ѓубре можат да бидат опасни при случај на силни ветрови. Затоа, сместете ги на сигурнo местo.

Осигурајте ги подрумите

Во текот на зимата, задолжително проверете ги бравите на влезот од подрумите за да спречите кражба.

Испразнете ги олуците

Олуците се исклучително важни, затоа што тие помагаат водата да не се задржува на куќата, а исто така спречуваат ерозија. За да го заштите вашиот дом, неопходно е редовно да ги чистите олуците. Во есен се полнат со паднатите листови и нечистотијата, за затоа задолжително е нивно редовно одржување. Доколку се скршени и оштетени, заменете ги веднаш пред да падне првиот снег.

Исчистете го оџакот

Пред да запалите огин, задолжително проверете го оџакот за да се осигурате дека нема никаков проблем. На тој начин ќе избегнете пожар и чадење.

Одржувајте ја куќата топла

Доколку се греете на плин или на некој друг систем со кој може да ја контролирате топлината, контролирајте го греењето на тајмер. Тоа ќе ви помогне системот непречено да работи, загревајќи ги цевките и куќата.

Главниот проблем на многу домаќинства во тек на зимниот период се замрзнатите цевки. Иако тајмерот за греење може да ви помогне за да не замрзнат цевките, потребно е да ги обложите и надворешните цевки со топлинска изолација.