Под мразот на Антарктикот се кријат остатоци од древен континент

Понекогаш одговорите на најголемите мистерии лежат на местото каде што нема ни да помислите да ги барате. Европската вселенска агенција (ESA) пронајде остатоци од загубени континенти кои милиони години биле скриени под мразот на Антарктикот.

Сателитските снимки покажуваат како се движеле древните копнени маси кои се закопани на длабочина од скоро два километри под површината на мразот.

Научниците велат дека снимките даваат нов поглед и сознанија за Антарктикот, континент кој е малку истражен баш поради тоа што е многу тешко да се истражува под огромните слоеви мраз. Тие досега ги користеа податоците од сателитот GOCE, кој е лансиран во 2009 година и неговата задача е да ги следи варијациите на гравитациското поле на Земјата за прецизно да ја измери нашата планета.

Овој сателит не е во употреба веќе пет години откако остана без гориво и падна низ атмосферата. Меѓутоа, неговите податоци се многу значајни бидејќи се искористени за новото научно откритие.

Неговите инструменти го следеа движењето на тектонските плочи под Антарктикот, па истражувачите со помош на основните податоци сфатија како тие се движеле во изминатите 200 милиони години и дојдоа до сознание како всушност бил формиран ледениот континент.

„На источниот дел од континентот можеме да видиме геолошки карактеристики кои ги покажуваат сличностите и разликите на обвивката на Антарктикот и на останатите континенти кои биле споени до пред 160 милиони години“, вели Фаусто Феракиоли за ESA.

Освен што овие мерења се навистина интересни од историска гледна точка, тие се подеднакво важни за да разбереме како Антарктикот влијае на однесувањето на ледените плочи, но и колку брзо реагира на карактеристиките на мразот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе