Живот

Почнете денес: Диета со која ќе ослабете 10 килограми до Нова година

12. декември 2019 - 14:43 | А.С.

Помалку од 20 дена нѐ делат од Нова година и прославата за најлудата ноќ, па ако сакате да намалите некој килограм и да ја дочекате 2020 година ослабени и фит, почнете со диета уште денес.

Со оваа диета може да изгубите и до 10 килограми за 20 дена, во зависност од вашата возраст, метаболизам и ниво на физичка активност.

Но, пред да продолжиме понатаму, имајте предвид дека ваквите ригорозни диети не се замена за балансирана исхрана и не се долготрајно и долгорочно решение за вишокот килограми.

Не треба да заборавате дека строгите диети најчесто имаат „јо-јо“ ефект, односно брзо изгубените килограми исто така брзо се враќаат кога ќе ја прекинете диетата.

Ако одлучите да ја примените оваа диета, ви препорачуваме по завршувањето да почнете со здрав начин на живот со балансирана исхрана со која полесно ќе ја одржите новата килажа.

Оние кои ја примениле оваа диета која се базира на „течна храна“ велат дека четвртиот ден е најкритичен, но ако тогаш не потклекнете, останатите денови нема да ви претставуваат проблем.

Добрата страна на диетата е што ќе ве прочисти од штетните материи наталожени во организмот.

Забрането е: преработен шеќер, тестенини, млечни производи.

Сокови и пиреа

Основниот принцип на диетата е на секои два часа да внесувате течност во организмот.

Покрај вода дозволени се свежи цедени сокови од овошје и зеленчук, билни чаеви, напитоци од шумско овошје богато со антиоксиданси (боровинка, малина, брусница), пиреа и шејкови од зеленчук, како и супи и чорби.

Речиси сите овошја се дозволени, а од зеленчуци се препорачува морков, цвекло, тиквички, линат зеленчук (спанаќ, кељ), домати, целер, лук, грав, краставици, црвена зелка.

Од месо е дозволено јунешко и пилешко (максимално 50 грама во сирова состојба), но не како посебен оброк, туку како дел од супите и чорбите.

Можете да варите, пасирате, блендирате по ваш вкус, но не смеете да додавате компир, кнедли од гриз или тестенини во супите.

Дозволено е малку сол и зачини за подобрување на вкусот.

Преминување на „цврста храна“

По завршувањето на диетата треба да бидете внимателни со исхраната.

Можете да продолжите со цедени сокови, шејкови и супи, но не во истата количина.

Во никој случај немојте да претерувате со обилни и висококалорични оброци, а не помислувајте на брза храна и слатки. По три недели прочистување, организмот нема да може да ја преработи таа количина на храна.

Првите неколку дена воведувајте млеко (по можност соино) и јогурт, јадете риба, варен зеленчук.

Тестенините и лебот воведете ги по десетина дена.

Сами направете го менито

Придржувајте се до менито за исхрана за следните три недели за да може полесно да ја спроведете диетата. Сѐ е полесно кога е однапред испланирано.

Во прилог, неколку предлози за оброци:

Оброк 1

2,5 децилитри свежо цеден сок од шумско овошје, шолја топол или ладен чај (по можност на билна основа, набран, не во филтер-кесичка), 2,5 децилитри вода (со лимон)

Оброк 2

2,5 децилитри вода (со лимон), шолја топол или ладен чај (по можност на билна основа, набран, не во филтер-кесичка), 2,5 децилитри шејк со лиснат зеленчук

Оброк 3

2,5 децилитри свежо цеден сок од овошје или зеленчук по избор, 2,5 децилитри пире од варен зеленчук со кари, 2,5 децилитри вода (со лимон)

Оброк 4

Чорба од зеленчук и месо, 2,5 децилитри вода (со лимон), шолја топол или ладен чај (по можност на билна основа, набран, не во филтер-кесичка)

Оброк 5

2,5 децилитри шејк од зеленчук, 2,5 децилитри вода (со лимон), шолја топол или ладен чај (по можност на билна основа, набран, не во филтер-кесичка)

Оброк 6

2,5 децилитри супа со јунешко месо, 2,5 децилитри вода (со лимон), шолја топол или ладен чај (по можност на билна основа, набран, не во филтер-кесичка)

Оброк 7

2,5 децилитри свежо цеден сок од овошје (вклучете и шумско, свежо или замрзнато), 2,5 децилитри вода (со лимон), шолја топол или ладен чај (по можност на билна основа, набран, не во филтер-кесичка).