Почетино ја коментираше ситуацијата со Донарума и Икарди

Аргентинскиот стратег конечно проговори за двајцата играчи на ПСЖ кои се незадоволни од статусот кој го имаат во клубот.

Дојде од Милан како засилување помеѓу стативите, но доби само клупа зад Костариканецот Кејлор Навас. Сигурно дека никој не очекуваше таков развој на настаните за Џанлуиџи Донарума, особено поради фактот што е број еден голман на актуелниот европски шампион Италија.

„Одигравме седум натпревари во еден месец, Кејлор Навас беше исклучен против Нант и беше суспендиран против Сент-Етјен. Тие одиграа по 5 односно 4 натпревари, така да им верувам и на двајцата“, коментираше Маурисио Почетино за ситуацијата со Донарума. Сепак, тоа не го менува очигледниот факт дека Џиџи е втор избор и брани само кога Навас не може или кога треба да се одмори.

Друг незадоволен во таборот на парижаните е Мауро Икарди, кој сезонава настапи на 14 натпревари во Лиг 1 искористувајќи ја ситуацијата со повредени напаѓачи. Но, веќе актуелни се низата шпекулации кои го носат во други клубови, особено во Јувентус.

„Не е вистински момент за да зборувам за трансфери, мораме да се фокусираме на тоа да ја завршиме годината на најдобар можен начин. Сепак, ние сме задоволни од него и се надеваме дека ќе остане“, рече Почетино.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе