Победниците на Wildlife Photographer of the Year, според публиката

Прогласени се најдобрите фотографии од Wildlife Photographer of the Year, според мислењето на публиката.

Од 25 финалисти како најдобра е издвоена фотографијата на која е доловен совршен момент како две глувчиња се борат за парче храна во метро станица во Лондон. Фотографот Сем Раули вели дека морал да биде многу трпелив со оглед на тоа што и претходно присуствувал на борби, па едноставно легнал на подот и чекал да сведочи на една таква. Неговото чекање дефинитивно вреди.

Во оваа категорија победничките фотографии не добиваат парична награда, но без оглед на тоа во неа учествуваат илјадници фотографии.