Победници на фото-конкурсот Архитектурата како уметност

Организаторите на конкурсот за фотографија Архитектурата како уметност 2019 (Art of Building Photographer of the Year 2019) ги прогласија победниците откако помина процесот на јавно гласање.

Chartered Institute of Building (CIOB) го организира овој конкурс со цел да се слави и вреднува уметноста во градежната индустрија и генијалноста на архитектурата.

Наградата Избор на јавноста ја доби Александр Бормотин за неговата впечатлива фотографија од метро станица во Москва.