Чешкиот произведувач дојде во ситуација да не може да ја задоволи зголемената побарувачка на клиентите само со сопствените фабрички капацитети, па ќе мора да ангажира и некои други компании да составуваат Škoda модели.
Во Škoda се очекува дека, благодарение на проширувањето на понудите на своите модели, SUV возилата Kodiaq и Karoq, како и моделот Kamiq за кинескиот пазар, до 2025 година ќе ја зголемат годишната продукција од сегашни 1,2 милиони на 2 милиони автомобили.
Меѓутоа, Škoda веќе сега има проблем за побрзо да ги испорача нарачаните автомобили, бидејќи производството го достигна максималниот капацитет на нивните фабрики.
Една од опциите е производството на автомобили да продолжи во другите автомобилски компании во рамките на Volkswagen групацијата, чии капацитети не се доволно искористени, меѓутоа од чешката компанија сметаат дека ниту тоа нема да го реши проблемот на долг рок.
Затоа во Škoda бараат други алтернативи, а една од нив би била склопување на договор за производство со некоја друга автомобилска компанија надвор од Volkswagen групацијата.
Чесите признаваат дека веќе во 2018 година, глобалната побарувачка за Škodа автомобилите ги надминува капцитетите на сите погони на оваа компанија, па ќе мора што побргу да се најде решение.
Засега е најавено дека моделот Karoq ќе започне да се произведува надвор од границите на Чешка, во фабриката на Volkswagen во Оснабрик.
Инаку, според најновите податоци, Škoda стана вториот најпрофитабилен автомобилски бренд во рамките на Volkswagen групацијата, после Porsche, а пред досегашниот второпласиран Audi.