Култура

По ланскиот скандал, прогласени двајца нобеловци за литература

10. октомври 2019 - 14:53 | А.С.

Добитници на престижната Нобелова награда се Олга Токарчук и Петер Хандке.

Минатата година не беше доделена Нобелова награда за литература по скандалот околу обвиненијата за сексуално вознемирување во врвот на Шведската академија што ја доделува наградата.

Тогаш беше најавено дека годинава ќе бидат доделени две награди за да се „испегла“ ланскиот скандал.

Нобеловата награда за литература за 2018 година ја доби полската писателка Олга Токарчук, а лауреат за оваа година е австрискиот писател Петер Хандке.

Заклучно со Токарчук, од сите 112 доделени Нобелови награди за литература од 1901 година наваму, само 15 отишле во рацете на жени.

Најмлад добитник на оваа престижна награда бил Радјард Киплинг, најпознат по делото „Книга за џунглата“, кој во моментот на добивање на Нобеловата награда имал 41 година, а најстар лауреат е Дорис Лесинг, која на 89 години стана нобеловка во 2007 година.