Додека сите очи беа вперени на дуелите од Лигата на шампионите во Барселона и Дортмунд, на југот на Англија фудбалерите на Портсмут го обезбедија пласманот во Чемпионшип со победа од 3:2 над Барнсли.
Пред 20 илјади гледачи на „Фратон парк“ во Портсмут гостите од Барнсли поведоа во 6. минута со голот на Деванти Кол, син на славниот Енди Кол, а израмни Кусини Јенги во 9-тата. Во 59. минута гостите повторно поведоа со голот на Џон МекАти.
Во 83. минута Колби Бишоп погоди од пенал за 2:2, а во 89-тата Конор Шонеси беше прецизен за победа на Портсмут од 3:2 и промоција во Чемпионшип по 12 години чекање.
На две кола до крајот (ова беше 44. коло), Портсмут има 94 бода и ја обезбеди титулата во Лиг 1, додека Болтон Вондерерс во двата преостанати меча ќе се бори за второто место кое води директно во Чемпионшип.
Дерби Каунти има три бода повеќе и гостување кај Кембриџ Јунајтед и потоа пресметка со Карлајл Јунајтед дома во последното коло.
Болтон ќе му биде домаќин на Порт Вејл, а во последното коло ќе гостува кај Питерборо Јунајтед.
Видеата од прославите на фудбалерите на Портсмут го обиколуваат светот, а фановите особено се веселат пеејќи:
„Кому му треба Мурињо, ние го имаме Мусињо“.
Џон Мусињо, менаџерот на Портсмут, има само 37 години, а Портсмут е неговиот прв тим што го води како тренер и таму е од лани, веднаш откако ја заврши својата играчка кариера во дресот на Оксфорд Јунајтед.
Лондончанецот по татко потекнува од Лисабон, оттаму и португалското презиме. Нема некоја фудбалска кариера оти никогаш не заиграл во Премиер лигата и најчесто бил во Лиг 1, а само еднаш во Чемпионшип. Играл за Брентфорд, Вокинг, Слау Таун, Јединг, Вајкомб Вондерерс, Стивениџ, Престон Норт Енд, Гилингам, Бартон Албион. Додека растел навивал за Тотенхем.
Табела: