Свет

Пјонгјанг: Ќе ја погубиме екс-претседателката на Јужна Кореја

28. јуни 2017 - 17:49 | Макфакс

Северна Кореја денеска соопшти дека се обврзува да ја погуби поранешната претседателка на Јужна Кореја Парк Геун-хје и шефот на јужнокорејската разузнавачка служба од периодот на нејзината власт, Ли Бјоунг Хоа, обвинувајќи ги за планирање убиство на врховниот лидер на Северна Кореја Ким Јонг Ун.

Официјалната агенција на Северна Кореја КЦНА објави дека земјата, ќе примени смртна казна над сменетата јужнокорејска претседателка и нејзиниот шеф на разузнавачка служба и дека ќе ги стигне „бедна смрт на кучиња во било кое време, на било кое место и со било кој метод од овој момент“.