Пита од тиква - омилен американски десерт идеален за есенските денови

Есента е идеално време да пробате рецепт за вкусна и сочна пита од тиква која ќе ги воодушеви сите членови на семејството и вашите гости.

Овој традиционален американски десерт станува омилен десерт за многумина откако ќе го пробаат.

Потребни состојки:

  • 250 гр брашно
  • 50 гр шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 125 гр путер
  • 1 јајце
  • 2 големи лажици млеко

за кремот:

  • 500 мл млеко
  • 500 гр тиква
  • 200 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 1 лажичка цимет

Подготовка:

Калапот покријте го со хартија за печење. Измешајте брашно, сол и шеќер. Потоа додајте ладен путер исечкан на коцки и со прстите измешајте ја оваа смеса додека тестото не наликува на крупни трошки. Потоа додадете ги јајцето и млекото и брзо измесете го тестото во топка. Не месете предолго, инаку тестото нема да биде крцкаво. Завиткајте го тестото во пластична фолија и оставете го во фрижидер половина час.

Тиквите за кремот исечкајте ги на ситни коцки и ставете ги во поголем сад, заедно со млекото. Додадете шеќер и зачини и ставете го кремот да се готви на тивок оган додека не омекне тиквата (околу 15 минути), но мешајте за да не изгори тиквата. Кога ќе омекне, изматете го со миксер со стапче. Оставете го кремот да се излади и потоа додадете ги изматените јајца.

Загрејте ја рерната на 180°C. Извадете го тестото од фрижидер и разредете го и ставете го калапот. Со вилушка избоцкајте го дното и ставете го тестото во замрзнувач десетина минути. Извадете го тестото од замрзнувач и покријте го со фолија и потоа печете го 10 минути.

Извадете го испеченото тесто и намалете ја рерната на 160°C. Истурете го кремот во тестото и печете сѐ заедно половина час. Оставете го колачот да се излади пред да го послужите.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе