Pirelli го претстави календарот за 2024 година

Pirelli го претстави својот календар за 2024 година.

Темата на новиот календар е безвременоста, а фотографиите се направени од фотографот од Гана, Принс Гјаси.

„Ако зборуваме за безвременост, мораме да ја редефинираме. Не е важно колку години имам, туку квалитетот на мојата работа. Важно е што Pirelli избра уметник, а не само фотограф. Секој може да биде фотограф, но не може секој да биде уметник“, изјави 28-годишниот Принс за Page Six.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pirelli (@pirelli)

Годинешната постава на модели за календарот вклучува големи имиња како Наоми Кембел, Идрис Елба и Анџела Басет. За календарот беа фотографирани и Тива Севиџ, Марго Ли Шетерли, Џејмес Самуел, Тејана Тејлор, Амоако Боафо и поранешниот фудбалер Марсел Десаили. Сите модели во календарот на Pirelli за 2024 година се со темна боја на кожата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Car&Vintage (@carvintage)

Гјаси е еден од најмладите фотографи кои работеле на календарот

Принс Гјаси е еден од најмладите фотографи кои работеле за календарот на Pirelli. Тој е познат по неговата импресивна манипулација со бои во неговите дела.

„Кога станува збор за боите, се работи за тоа како јас ги гледам и што претставуваат. Исто така, се работи за тоа што го гледам кога ќе го слушнам нивното име. Со Идрис, снимањето беше како снимање филм. Со Наоми, повеќе беше за тоа што се претставува како личност низ нејзиното патување, а не за бојата во која ја гледам.

Полесно ми е кога имам врска со нив. На пример, веќе сум поврзан со Наоми. Таа беше на мојата прва насловна страница на списание. Идрис е како мој постар брат, повеќето ги познавам. Ние сме како семејство“, објасни Гјаси.

Наоми Кембел четири пати се појавила во календарите на Pirelli - во 1987, 1995, 2005 и 2018 година. За календарот првпат позирала на 16 години.

Ова е 50-то издание на календарот на Pirelli.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе