Пиратирана верзија на „Медена земја“ пуштена онлајн, екипата веднаш реагираше

Пиратирана верзија на македонскиот документарец „Медена земја“ кој деновиве доби две номинации за Оскар, од синоќа е објавена на платформата YouTube.

Неовластената верзија на филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кој доби номинации за Најдобар документарец и Најдобар странски филм, е постирана од YouTube корисник со корисничко име JP.

Светските дистрибутерски права за филмот кој годинава се закити со бројни награди на фестивали и настани ширум светот ги има Neon. „Медена земја“ исто така е достапен на стриминг платформата Hulu, а во Скопје се прикажува во Градско Кино Милениум, во Кинотека и од утре во Синеплекс.

„Пиратиран е филмот, секако. Реагирано е до YouTube, и ќе го извадат. Предупредувам дека секакво објавување на линкот од YouTube со пиратираниот филм е казниво со закон и ние соодветно ќе реагираме“, изјави продуцентот на филмот Атанас Георгиев за sdk.mk.

Пиратското објавување на филмот онлајн наиде на измешани реакции во јавноста, но најгласни се културните работници кои апелираат да не се промовира ваквата пракса која покрај тоа што е незаконска, исто така им штети на авторите кои макотрпно работеле на создавање на делото.

Покрај тоа што двете номинации за „Медена земја“ се историски за македонската кинематографија, исто така се историски и за Американската академија за филмска уметност и наука.

За првпат досега во историјата на Оскарите, еден филм е номиниран во иста година и во категоријата Најдобар документарец и во категоријата Најдобар странски фиилм (која до лани се викаше Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје).

Филмот за пчеларката Атиџе Муратова е номиниран за Најдобар документарен филм заедно со: American Factory, The Cave, The Edge of Democracy и For Sama; и за Најдобар странски филм со: Corpus Christi (Полска), Les Miserables (Франција), Pain & Glory (Шпанија) и фаворитот Parasite (Јужна Кореја).

„Медена земја е всушност историски момент за Оскарите кој докажува дека колку повеќе Академијата ги спојува документарниот и фиктивниот наратив во сите категории на Оскарите, дотолку повеќе ќе прави добро за раскажувачите од целиот свет“, сподели ПР тимот на Медена земја на Fecebook, цитирајќи извадок од текстот на Зак Шарф за Indie Wire.

Оскарите се доделуваат во 25 категории, а 92. издание на оваа престижна свеченост ќе се одржи на 10 февруари, 2020 година.

„Медена земја“ (Honeyland) е прв македонски филм што успеа да добие две номинации за Оскар. Во 1995 година за првпат македонски филм доби номинација за Оскар  - „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Третиот филм на Манчевски - „Сенки“ - ѝ беше понуден на Академијата по повод 80-тото доделување на Оскарите, но не влезе меѓу петте номинирани.

Документарниот филм „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе