Архитектура

Пет начини како да посакате добредојде на есента во вашиот дом

14. октомври 2019 - 11:39 | М.С.

Колку и да го сакаме летото и топлото време, не можеме да одолееме на есента. Искористете го новото годишно време, за да го разубавите вашиот дом и да внесете свежина во просторот.

Декоративни предмети

Декоративните предмети ќе го разубават вашиот дом, а нема да ви бидат потребни многу пари. Може да направите вазна од тиква, ќе изгледа необично и убаво.

Кафеави нијанси

Внесете кафеави нијанси. На фотелјата и двоседот ставете го омиленото ќебе. Нема ништо поубаво од тоа да пиете чај и да ги слушате звуците на дождот.

Свеќи

Купете миризливи свеќи со арома на портокал, цимет, јаболко. Престојувањето дома ќе биде поубаво со пријатната атмосфера која ја прават свеќите.

Искористете ги паднатите лисја и декорирајте ја вратата од вашиот стан. Исто така, може да ги ставите во рамка за слика.

Купете нова постелнина

Со купување на нова постелнина ќе ја преуредите собата без големи трошоци. Боја на цигла, сенф, сива или златна се совршени есенски тонови. Може да купите јастучиња, ќебе, јорган.