Авто новости

Пет големи промени што ќе ги има во сите нови автомобили

12. ноември 2019 - 10:47 | А.С.

Членките на Европската Унија конечно се договорија околу промените што се однесуваат на новите автомобили и комби-возила, поконкретно за безбедосната опрема во нив.

Од 2022 година во сите нови возила што се продаваат во ЕУ ќе има вградено приклучок за Alcolock, црна кутија, систем за автоматско кочење, како и систем за предупредување при престројување.

Ќе има и промена од дизајнерски аспект – сите нови автомобили и комби-возила ќе мора да понудат облик на предниот дел што при судир ќе ја намали можноста од повреда на главата на пешаците и велосипедистите.

Alcolock ќе нуди опција возачите кои претходно биле казнувани за возење под дејство на алкохол да се обврзат дека пред да го стартуваат автомобилот ќе направат проверка на уредот.

Ако алко-тестот покаже дека имаат недозволена количина на алкохол во себе, нема да можат да го стартуваат автомобилот.

Црната кутија ќе снима телеметриски податоци за време на, и по евентуална сообраќајна несреќа.