Кошарка

Перо Антиќ ќе се кандидира за претседател на МКФ

15. април 2019 - 16:02 | МИА

Скопје, 15 април 2019 (МИА) – Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија Перо Антиќ потврди дека ќе се кандидира за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Антиќ во емисијата „Улица Македонија“ за првпат потврди дека ќе се кандидира за позицијата, која во моментов ја зазема Петар Наумовски. Неговиот мандат истекува следниот месец.

„Сега првпат кажувам јавно дека ќе се пријавам да бидам претседател на МКФ“, изјави Антиќ.