Фудбал

Пеп: Меси ќе ја добие Златната топка, па со ВАР ќе му ја дадат на Ван Дајк

28. ноември 2019 - 20:48 | Ф.З.

Стратегот на Манчестер Сити се измева со ВАР. Од толку често што се користи, тој на шега вели дека ќе се примени и во изборот на Златната топка.

„Сигурен сум дека Златната топка ќе му ја дадат на Меси, потоа ќе направат проверка со ВАР и ќе му ја дадат на Ван Дајк“, SportBible ја пренесува неговата изјава.

Во последно време ВАР премногу се користи и многу голови завршуваат поништени откако играчите веќе им се израдувале.

Во средата вечер во Лигата на шампионите имаше и таква ситуација кога играчите ан Интер постигнаа гол, му се израдуваат, за потоа не само што беше поништен со ВАР туку и противничкиот тим доби пенал кој го реализираше.

Исто така, екипата на Гуардиола пред неколку кола токму загуби на гости кај главниот ривал Ливерпул, а Гуардиола обвини дека сите одлуки на ВАР биле во полза на „Црвените“.

Оттаму сега и оваа негова саркастична изјава дека Ван Дајк со ВАР ќе ја освои Златната топка.