ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Пеп: Големо задоволство е да се победи на „Бернабеу“

Предводникот на Манчестер Сити има секаква причина да е задоволен од вчерашниот исход на првиот осминафиналкен дуел со големиот Реал.

Манчестер Сити успеа да слави на гости кај Реал Мадрид и покрај тоа што губеше 1:0 на само половина час до крајот на натпреварот.

„Да се победи на „Бернабеу“ е голема сатисфакција. Не сме навикнати на вакви резултати, па затоа ова ни кажува дека можеме да отидеме на било кој стадион и да победиме“, рече тренерот Пеп Гуардиола по натпреварот.

„Би рекол дека одигравме најдобро што можевме. Примивме гол кога не требаше да примиме, а кога тие беа подобри успеавме да постигнеме. Но, тоа е натпреварување, тоа е фудбал“.

Победничкиот гол беше дело на белгискиот виртуоз Кевин Де Брујне и тоа од белата точка. Белгиецот досега не изведуваше пенали сезонава, но синоќа доби шанса и ја искористи. Дојде неговиот ред откако „Граѓаните“ ги промашија последните четири пенали во Премиер лигата кои ги изведоа Серхио Агуеро, Илкај Ѓундоан, Габриел Жезус и Рахим Стерлинг.

„Кевин вежбаше пенали покажувајќи карактер и посветеност и затоа му велам „благодарам“, но не само на Кевин туку на сите изведувачи без разлика дали погодиле или не оваа сезона. За изведување пенал потребна е храброст. Доброто за нас е што реализиравме пенал на ваква ноќ“, вели стратегот на Сити.

„Цел натпревар создававме шанси. Куртоа бранеше навистина добро. Но, според моето искуство во Лигата на шампиони, не можеш 90 минути да контролираш натпревар на вакво ниво. Добро му одбранивме на Бензема кога беше клучно и создадовме навистина добри шанси кои повеќето тимови не ги прават на овој стадион“, заврши задоволниот Пеп.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе