Пендаровски со честитка за фудбалерите, нејасна порака од премиерот

Успехот на фудбалската репрезентација на Македонија не ги одмина ни претседателот Стево Пендаровски, ни премиерот Зоран Заев, кои синоќа преку социјалните мрежи ја коментираа победата над Косово.

Фото: ФФМ

Претседателот Пендаровски упати честитка до фудбалерите изјавувајќи дека се гордее со нив и посака да се победи и Грузија и да се пласираме на ЕУРО.

Она што збунува е крајно нејасната порака упатена од премиерот Зоран Заев кој покрај честитки зборуваше и за некакво добрососедство кое требало да се негува наспроти головите кои биле само бројка. Фудбалот се игра за победа, не за добрососедство бидејќи не е ни важно кој е противникот, туку важно е да се победи и да се оствари целта. Упати честитки и за добрата игра на противникот, веројатно или не го гледал натпреварот, или некој друг му ја пишувал честитката, бидејќи реално, фудбалските познавачи знаат дека и двете репрезентации не само што не покажаа добар фудбал, туку очаен.

В очи паѓа и тоа што и двајцата избегнаа да нагласат која држава играше вчера, освен Косово. Како претседател и премиер, јасно е дека се обврзани да го користат новото официјално име Северна Македонија, но веројатно знаејќи дека токму поради тоа име нивните честитки ќе предизвикаат негативни реакции од јавноста, прескокнаа да спомнат која земја победи синоќа против Косово.

А, македонските фудбалери по последниот свиреж на холандскиот судија прославија на центарот на теренот едногласно пеејќи „Македонија“ и „Едно име имаме“.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе