Македонскиот пејач Влатко Илиевски вчеравечер бил пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје.
Teлото на пејачот по анонимна дојава било најдено во неговото моторно возило марка „тојота“ на Булеварот Трета Македонска бригада синоќа во 23 часот, а засега нема информации кои се причините за смртта.
Од полицијата ја потврдија оваа информација. Велат дека на местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.
Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Во 2011 година, со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија.
Студираше на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.