Педесетгодишна скопјанка уапсена за недозволена продажба на дрога

Скопје, 11 септември 2019 (МИА) – Вчера во Полициската станица станица Гази Баба била приведена Д.С.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 22:30 до 23:30 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавената во населбата Ќерамидница, при што пронашле и одзеле прашкаста материја.

Скопската полиција вчера нашла дрога во уште четири други наврати:

Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 23:00 часот на булевар „Видое Смилевски Бато“, го привеле М.С.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 20:30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улица „Ѓорче Петров“, го привеле Е.С.(44) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 16:30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на улица „Сава Михајлов“, го привеле А.Д.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 18:30 часот на булевар „Борис Трајковски“, ги лишиле од слобода Ф.Л.(35) од Куманово и Г.К.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе