КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2020

Пандев: Сите гориме од желба да го добиеме овој натпревар

Филип Здравески
/ 07.10.2020 / 13:19

Капитенот Горан Пандев на денешната официјална прес-конференција го искажа својот став пред утрешниот бараж со Косово.

Фото: ФФМ

„Сакам да им се заблагодарам на сите што помогнаа околу моето доаѓање бидејќи ја знаевте мојата ситуација во мојот клуб. Желбата моја и на сите во Фудбалската федерација, во нашата Амбасада во Италија, беше преголема за јас да бидам на овој натпревар. Стварно од срце им благодарам на сите“, се заблагодари Горан кому властите во регионот Лигурија не му дозволуваа да ја напушти Италија, но сепак еве, сега ѝ е на располагање на репрезентацијата.

„Сега сум сконцентриран само на овој натпревар, знаеме за нас што значи. Атмосферата е одлична, се спремаме како и за сите натпревари, знаеме што ни носи овој натпревар, имаме доста искуство. Жално ќе биде што нема да има публика, што и двете репрезентации нема да настапат комплетни бидејќи моја желба беше да играме пред полн стадион, да играме и двете репрезентации комплетни. Тоа ќе беше еден одличен натпревар. Што е, тука е, ние сме спремни и се надеваме на победа“, вели Пандев.

„Мислам дека нијанси ќе го одлучат овој натпревар. Но, како што кажав, ние сме спремни, знаеме секој натпревар што ни носи во репрезентативниот дрес, треба да влеземе со ладни глави, имаме доста искусни играчи кои имаат играно многу важни натпревари и мислам дека нема да има никаков проблем дека емоции можат да нѐ совладаат. Сите гориме од желба да го добиеме овој натпревар и се надевам дека на крајот сите заедно ќе се радуваме“, оптимист е Пандев.

„Една недела немав ниту еден тренинг, бевме затворени во карантин, не му го посакувам тоа никому. Најзаслужни за моето доаѓање се селекторот, Фудбалската федерација на чело со Бојан секретарот кој 24 часа беше на врска, македонската Амбасада во Италија, потоа мојот клуб заедно со докторот. Тој е позитивен, но ноправи сѐ за да можам да дојдам. Луѓето во Џеноа знаеја што значи овој натпревар за мене и колку сакам да дојдам. Направија сѐ за мене. Некои луѓе сакав барем некоја порака да ми пратеа да ме прашаат како сум, но изгледа многу се зафатени со градење терени“, емотивно проговори Пандев за сета она анеизвесност околу неговото доаѓање.

Македонија - Косово се игра утре вечер од 20:45 часот на „Тоше Проески“ стадионот во Скопје.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Фудбал

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Read more

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Read more
 

Спорт

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе