Пандев донираше во струмичката болница

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација со нова донација, овој пат во својата родна Струмица.

Горан Пандев никогаш не сакал публицитет, дури и кога се работи за негова хуманитарна донација. Откако заедно со останатите репрезентативци донираа парични средства за справување со епидемијата во државава, потоа самостојно помагаше на загрозени семејства во родната Струмица, сега ја помогна и тамошната болница.

И тоа ќе останеше незабележано доколку донацијата некако не излезеше во јавност, благодарение на еден регионален портал. Слушнале муабети за наводна донација, па се обратиле до директорот на болницата, д-р Наќе Гогов.

„Точно дека деновиве донираше и Горан Пандев. Неблагодарно е да споменувам износи, но би сакал да упатам благодарност како до него така и до останатите правни и физички лица. Парите ќе бидат искористени за набавка на скафандери, заштитни маски, ракавици според стандардите на СЗО за да бидат заштитени здравствените работници кои се на првата  борбена линија и најмногу се изложени на ризикот да бидат заразени. Тоа се лица кои треба да спасат нечиј човечки живот и затоа треба да бидат соодветно заштитени“, изјави директорот на струмичкта болница Наќе Гогов за порталот Дрнка.мк.

Пандев моментално се наоѓа во домашна изолација во Џенова и е пример за почитување на мерките издадени од здравствените власти.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе