Пандемијата ги тресе берзите – збришани 15 илјади милијарди долари

Земјотресот на светските берзи на капитал и стоки предизвикан од пандемијата со Covid-19 трае веќе три месеци и ја поттикна најверојатно најразурнувачката распродажба на активи уште од Големата депресија.

Бројките се запрепастувачки, наведуваат британските медиуми. На светските берзи се „збришани“ 15 илјади милијарди долари во вредност на акции, цената на нафтата опадна за 60 отсто, а пазарите во раст, како Бразил, Мексико и Јужна Африка, бележат пад на вредноста на нивната национална валута за повеќе од 20 отсто.

Притисокот врз берзите дополнително ги засили стравувањата дека можат да пропаднат цели сектори – „испари“ речиси половината од вредноста на акциите на авиокомпаниите, а економиите што веќе се во пад се соочуваат со нов бран на криза на државни долгови, додаваат британските медиуми.

Гилотината не ја одбегна ниту Волстрит, каде е забележан слободен пад на индексот Dow Jones  за 22 отсто, и индексот S&P 500 за 24 отсто, азиско-пацифичкиот MSCI, што ја мери вредноста на акциите на берзите во 49 земји, загуби речиси 25 отсто од вредноста, додека лондонскиот FTSE падна за 27 отсто.

Илустрирајќи го интензитетот на ударот што го трпат светските берзи британските медуими наведуваат дека рекордниот квартален пад на вредноста на Волстрит во 1932 година, за време на Големата депресија, изнесувал 40 проценти, а фактот дека индексите Dow Jones и S&P 500 пред еден месец беа на рекордно ниско ниво, сведочи за тоа дека овој пат падот е побрутален.

Акциите во Кина, земјата која вирусот прва ја погоди, релативно добро минаа со пад од само 11 отсто во доларска противвредност, но последиците на другите големи пазари во нагорна линија беа многу поболни бидејќи нивните главни пазари за стоките се во валута во колапс.

Руските акции, што минатата година беа на чело на листата добитници, потонаа за 40 отсто во доларска вредност, додека вредноста на акциите на берзата во Бразил падна за 50 отсто.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе