Пандемијата ги раздели: Трогателна средба на мајка и син по еден месец
Пандемијата на коронавирусот доведе до затворени граници, домашна самоизолација и социјално дистанцирање. Во некои случаи, пандемијата раздели и цели семејства.
Во Кина е снимена трогателна средба на мајка, медицински работник, и дете, разделени 29 дена поради опасноста од коронавирусот. Мајката минала 15 дена на Одделението за заразени од коронавирус во болница, обидувајќи се да спаси многу животи, а потоа 14 дена била во карантин. На 14 март се вратила дома во градот Шијазнг во Хубеи.
Средбата е трогателна.